За нас - Контакт

Здружение на математичари Охрид е здружение на граѓани, наставници и професори по математика, одделенски наставници од основните и средните училишта од Охрид и Дебрца. Здружението како Друштво на математичари на општините Охрид, Струга и Кичево е основано во далечната 1978г.  за да 1991г биде преименувано во Здружение на математичари на општините Охрид, Струга и Кичево, додека со најновите законски измени за здруженија се пререгистрира во 2011г во Здружение на математичари Охрид (кратенка ЗМО) ние сме основна клетка на Сојузот на математичари на Р. Македонија (СММ www.smm.com.mk ), во здружението членуваат наставниците и професорите по математика и физика, но и секој оној граѓанин кој ќе сака да биде член е добредојден во нашите редови
Здружението се грижи за развој на математиката, нуди подршка на сите наставници во реализацијата на наставниот процес, здружението е во состав на Сојузот на математичари на Македонија. Здружението се грижи за организирање и спроведување на Училишен (Општински) натпревар и Регионалниот натпревар по матемнатика за основно образование, како и спроведување на Меѓународниот натпревар Кенгур во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца. Од 2011г во состав на здружението е оформена секција Шаховска Школа Ласкер која се обидува да го промовира шахот во Охрид како спортска дисциплина која го помага логичкото размислување кај децата http://laskerohrid.wordpress.com/. Како редовна активност на ШШ Ласкер е и организирањето на отворени турнири во шах за учениците од основните училишта во Охрид, како и летната школа во шах во соработка со Здружението " За Трпејца со љубов " на манифестацијата НА ЗАЈДИСОНЦЕ што се одржува секое лето од 20 јули до 28 јули во Трпејца
Основна дејност на ЗМО е спроведување на Општински натпревар и Регионален натпревар по математика за општините Охрид и Дебрца, им нудиме помош на нашите членови во реализацијата на додатната настава како и организираме дебати и обуки од сверата на нашето делување.
Со здружението раководат, со мандат од 02. 04. 2016г, , следните тела

 УПРАВЕН ОДБОР


















Борис Лушески 078496045
ОУ Братство Единство ул. 7 Ноември бр.85  6000 Охрид
e-mail: luseski@yahoo.com    zmo.ohrid@yahoo.com
проф. Силвана Крстеска
проф. Анита Николоска
проф. Ирена Бачева
проф. Катерина Бошкоска

         НАДЗОРЕН ОДБОР
проф. Валентин Чачор
проф. Василика Стојан
проф. Македонка Мувческа

No comments:

Post a Comment