Monday, January 12, 2015

Записник од СОСТАНОК 16. 01. 2015г.(петок)





Записник бр 2

Од одржаниот состанок на 16. 01. 2015г.(петок) во 1130 часот во ОУ Братство Единство  ул. 7 Ноември бр. 85 Охрид со следен:

Дневен ред

  1. Општински натпревари по математика  во учебната 2014/2015г
  2. Формирање на комисии за прегледување
  3.  Тековни прашања

На состанокот присуствуваа претставници од 5 основни училишта од вкупно 9 основни училишта во Регионот Охрид, Дебрца и претставници од 1 средно училиште од вкупно 4 во општина Охрид.
На почеток беше соопштен дневниот ред кој притоа истиот беше прифатен едногласно, потоа се премина на информирање на присутните за подготовките за Општинскиот натпревар по математика и се донесе следниот заклучок:
1.      Иако не добивме повратна информација дали нашите забелешки од претходниот состанок кои беа испратени до Сојузот на математичари и до Претседателот на СММ проф. Алекса Малчески ќе се примени услов за учество на Регионалниот минимум освоени 40 поени на Општинскиот натпревар, со тоа што доколку имаме многу ученици кои овој услов го исполниле да се направи ранг листа по одделенија и притоа на регионалниот да учествуваат максимум 80% од учесниците на Општинскиот натпревар.
2.      Комисиите за општинскиот натпревар ќе бидат составени исклучиво од членови на ЗМО со платена членарина за 2015 г, притоа прегледувачите нема да предаваат на ученици во одделението во кое се натпреваруваат., односно комисијата за 4 одд ќе биде составена од наставници од 5 одд, комисијата за 5 одд ќе биде составена од ученици од 4 одд и така натаму
3.      За реализирање на предвидените активности се донесе заклучок дека оваа година котизацијата за учество на Општинскиот и Регионалниот натпреевар ќе биде 200.00 денари по ученик, со тоа што доколку котизацијата не е платена ученици нема да се примаат на Регионалниот натпревар.
4.      Се разговараше и во однос на добивањето диплома за освоено место, во однос на рангирањето на учениците по одделенија, првиорангираниот да добива диплома за освоено прво место, вториот на ранг листа за второ место и третиот за трето место, доколку се случи учениците да имаат ист број на поени да го делат местото.
5.      Се донесе и заклучок оваа година домаќинот да ги подготви шифрите и пликоата за самиот натпревар, кој беше договорено и понатака натпреварите да се одржуваат на факултетите во Охрид.

                                                                                                            Претседател на здружението
                                                                                                            на математичари - Охрид
                                                                    
                                                                                                       ____________ 
                                                                                                   Борис Лушески