Friday, November 23, 2012

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО ШАХ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА

Ученици од основните и средните училишта и членови на Шаховскиот клуб Ласкер од Охрид учествуваа на Државното првенство за основни и средни училишта во поединечна машка и женска конкуренција во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија кој се одржа на 23. 11 2012г во Скопје во просториите на Шаховски клуб Гамбид,
На натпреварот имаше вкупно 67 учесници од Републиката и тоа 50 ученици од основните училишта и 17 ученици од средните училишта.
Ние учествувавме со 9 ученици и тоа шест ученици од основно образование:
Ангел Трајкоски, Симона Бошкоска ОУ Св. Климент Охридски,
Марија Маркоска, Гзим Демироски, Константин Лушески ОУ Братство Единство,
Јана Анѓелкоска ОУ Григор Прличев
и тројца ученици од средните училишта:
Валентина Дубравац ОСУ Ванчо Питошески
Никола Пазаркоски, Валентин Ристески ОСУ Св. Климент Охридски
Најдобар пласман имаше Валентина Дубравац која освои Бронзена медаља.
Ова воедно претставува прво учество на наши ученици на ваков турнир и претставува големо искуство за нашите мудри глави.
Патувањето беше организирано и финансиски го помогна Општина Охрид.
Детален извештај ќе биде објавен на станата на Федерација на училишен спорт на Македонија
Мала галерија на слики од настанот
                                      Јана Анѓелкоска (лево) и Валентина Дубравац(десно)


 Самиот тек на натпреварот (десно од крај ) Јана Анѓелкоска , Валентина Дубравац, Симона Бошкоска и  Марија Маркоска
       загревање пред натпревар најмалиот наш учесник Константи Лушески 7 г. (десно)

                                       Гзим Демироски во исчекување

Ноември 2012                                                                 Шаховски Клуб “Ласкер
                                                                                                Охрид
                                                                          Борис Лушески
     Методија Анѓелкоски