Thursday, February 16, 2012

  ИЗВЕСТУВАЊЕ
Во рамките на своите активности одобрени од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Сојузот на математичари на Македонија ќе го организира Маѓународниот натпревар „Кенгур“ во 2012 година, кој е планиран да се одржи на 22.03.2012 година со почеток во 11 часот.
  - 1 одделение од деветолетка
 - 2 и 3 одделение од деветолетка
 - 4 и 5 одделение од деветолетка  
 - 6 од основните училишта и 6 одделение од деветолетка 
 - 7 и 8 одделение од основнoтo училиштe
 - 1 и 2 година од средните училишта
 - 3 и 4 година од средните училишта
Пријавување на учениците да биде до одговорните наставници кои ќе се пријават да учествуваат во спроведување на натпреварот. За ефикасно организирање на натпреварот пожелно е да се формира локални одбори ( за едно училиште, или за повеќе училишта заедно, а по можност и за еден град или регион) со одговорен наставник за контакт.)
За пријавување на натпреварот, секој ученик  треба да уплати по 130,00 денари, за покривање на трошоците за организирање на натпреварот. Минимален број на ученици во една пријава е 10.
Секој учесник на натпреварот ќе добие мала награда. За учениците со најдобри резултати предвидени се награди, дипломи, пофалби. Секое училиште кое има ученици на натпреварот ќе добие и книга со вкупните резултати од одржаниот натпревар.
За ефикасно спроведување на натпреварот, рокот на пријавување и уплата на средствата да биде извршено до 03 март 2012 година. (Уплатат на средствата да биде групна, а не секој ученик посебно, најдоцна до 08. 03 2012)
Пријавувањето да биде задолжително по e-mail: kangorou.macedonia@gmail.com и тоа напишано во Excel по овој редослед: Реден број, име и презиме на ученикот натпреварувач, одделение, училиште, град, село (ПОДАТОЦИТЕ ДА СЕ ВНЕСУВААТ СО МАКЕДОНСКА ПОДРШКА). Да се означи и одговорен наставник.
Ако има доволно пријавени учесници со албански наставен јазик, натпреварот ќе се одржи и на албански јазик

Friday, February 3, 2012

Задачи и решенија за 7 одд
исправка на 
задача 4
Одреди природни броеви a и b кои се страни на правоаголник, ако збирот на неговите страни е 20cm, a плоштината на правоаголникот е 24cm2
решението е во ред





Задачи и решенија за 6 одд





Задачи и решенија на задачите за 6/9 одд
дополнување на решението на задача 6 
a=2 па страната на квадратот е 4а =8 cm, од каде L=32 cm





 Задачи и решенија на задачите за 4 одд